
Мнозинство од 53,5 отсто од македонските граѓани немаат доверба во Специјалното јавно обвинителство и ова е голем пресврт споредено со сите претходни истражувања во кои СЈО имало доста голема поддршка, според вечерашната анкета на Телма и МЦМС изработена од „М Проспект“. Анкетата е спроведена од 11 до 16 ноември на репрезентативен примерок од 1.014 испитаници.
Според оваа анкета расте недовербата на граѓаните и во другите институции во правосудството. Во редовното обвинителство односно Републичкото јавно Обвинителство мнозинство од граѓаните – 61 отсто немаат доверба, безмалку половина – 28,3 отсто или 32,7 отсто имаат доверба. Колку доверба имате во судството? Мнозинство – 61,4 отсто одговориле дека немаат доверба во судскиот систем, а 33,3 отсто имаат доверба.
Со ова се покажува дека граѓаните немаат доверба во правосудтсвото. Недовербата со правосудството ја докажа неспособноста на оваа власт да изврши реформи и докажа дека целиот правен систем е партизиран.
Со анкета на „Телма“ се потврдува и изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски – „Судството не само што не се реформира и не иде напред туку дополнително се влошува состојбата. Но морам да кажам дека „Кацарска судството“ кога тогаш ќе заврши и ќе дојде вистинско судство со вистински судии кои што ќе судат непристрасно и ќе бидат ослободени од стегите на политичарите“.