
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривични пријави против Д.К.(62) и Т.Ј.(77), двајцата од Радовиш за лихварство и за изнуда.
Истрагата утврдила дека Д.К. во 2017 и 2018 година му дал заем од 500 евра на С.П. од село Ораовица и на неговата невенчана сопруга Н.П.
Потоа, и покрај основниот долг, во повеќе наврати му исплатил и изнудени 21.000 денари. Исто така, Т.Ј. му дал заем од 50.000 денари на С.П., а тој за седум дена, покрај основниот долг, му исплатил дополнителен износ од 5.000 денари.
На 3 јуни годинава во домот на С.П. во село Ораовица, пријавените го принудиле да потпише изјава дека должел дополнителни 975 евра. Потоа, двајцата континуирано му барале да им ја исплател наведената сума, со месечна камата од 10 проценти.
Оштетениот за случајот ја известил полицијата.