Паднаа двајца дилери од Скопје, во домовите пронајдено и оружје и муниција

Полицијата ги лиши од слобода М.М. (26) и Ф.Ј. (20) од скопски Бутел, откако при претресот на нивните домови биле пронајдени околу 200 грама хероин, околу 500 грама марихуана, околу 20 грама кокаин, околу 100 грама хашиш, 10 таблети екстази како и четири дигитални ваги, пиштол „Ekol“ со рамка, револвер, околу 20 куршуми различен калибар, повеќе сим картички, панцири, фантомки и лисици, како и митролез.

„Двајцата се лишени од слобода поради основано сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидени и казниви по член 396 и 215 од КЗ на РМ“, се вели во соопштението од МВР.