
Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, денеска се сретна со претседателот на унгарските социјалисти, Беталан Тот.
Тој, како што информираат од Владата, изјавил дека очекува од унгарските власти, согласно европските начела и меѓународни конвенции, да го екстрадираат поранешниот премиер Никола Груевски.
Очекуваме да продолжи конкретната поддршка за зајакнување на владеењето на правото и дека унгарските институции ќе постапат согласно европските начела и меѓународните конвенции и дека ќе обезбедат екстрадиција на Никола Груевски, рече Заев.