
Младо момче од битолско е тешко повредено во саботата во раните утрински часови, откако со автомобилот со кој управувал удрил во бетонски столб
Во саботата во 02:05 часот било пријавено дека во битолското село Могила автомобил „хјундаи акцент“ со битолски регистерски таблици, управувано од 22-годишниот Д.С.(22) жител на селото, удрило во бетонски столб.
Момчето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Битола.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.