Две момчиња нападнати од група во скопски ноќен клуб

Две момчиња физички биле нападнати од неколку непознати лица во ноќен клуб во центарот на Скопје, полицијата работи на расветлување на случајот.

Инцидентот се одиграл во 02,50 часот утринава во Секторот за внатрешни работи Скопје 25-годишник од Скопје пријавил дека половина час претходно на улицата „Димитрија Чуповски“ во ноќен клуб додека бил заедно со неговиот пријател и врсник биле физички нападнати од страна на четири непознати лица.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.