
Во последниот натпревар во неделата од 15-то коло на италијанското фудбалско првенство Милан на домашен терен одигра без голови со Торино.
Милан така дојде до 26 бода и ја сочува летвртата позиција, три помалку од третиот градски ривал Интер, кој во петокот беше поразен од водечкиот Јувентус кој има 45 бодови. Наполи е втор со 35 бодови. Зад „Росонерите“на истата оддалеченост како и пред колото се Лацио со бод и Торино со три бода помалку.
Удинезе дома беше поразен од Аталанта со 1:3, а сите три гола за гостите ги постигна Дуван Запата, во 22, 62 и во 80 минута, а домашните успеаја да израмнат само во 12 минута преку Ласања. Удинезе се ја компликува состојбата во борбата за опстанок и остана на 17-то место, едно над зоната на испаѓање со 13 бодови, два повеќе од следната Болоња. Аталанта со гостинската победа дојде до 21 бод и е на седмото место.
Фудбалерите на Сасуоло двапати има предност од два гола против Фиорентина, која во последните мигови од мечот израмни на 3:3, а сите голови беа постигнати во второто полувреме. Домашните поведоа во 64 минута преку Данкат а по само пет минути Бабакар го удвои водството. Виорентина намали веќе во 70 минута преку Симеоне, но Саусоло со голот на Сенси во 80 минута имаше предност повторно од два гола 3:1. Сепак, Фиорентина не се предаде па преку Бенасио прво во 89 минута намали на 3:2, а потоа во шестата минута од судиското продолжение Миралас и’ донесе израмнување.
Сасуоло пропушти така можност да потврди дека сезонава е најголемото пријанто изненадување во Серија А. Со победа ќе го заземеше шестото место, но сега остана во групата екипи со 21 бод во која се и седмата Аталанта, Рома и Парма, со бод помалку зад шестото Торино. Фиорентина, пак, е 12-та со 19 бодови.
Емполо ја победи Болоња со 2:1. Стрелци за домашните беа Капуто во 10 и Ла Гумина во 80 минута, а за гостите Поли во 41 минута. Емполи е 14-ти со 16 бодови, Болоња е во зоната на испаѓање 18-та е со 11 бодови.ж
СПАЛ поведе во 15 минута со голот на Петања на гости кај Џенова, за која израмни Пјатек во 38 минута од пенал, и резултатот 1:1 остана непроменет до крајот. Џенова е 15-та со 16 бодови, а СПАЛ е место подолу на табелата со бод помалку.
Со ист резултата 1:1 заврши и дуелот меѓу Парма и Киево. Гостите и на овој меч поведоа преку Степински во 46 минута, но по седум минути израмни Бруно Алвеш. Парма е 10-та со 21 бод и пропушти да напредува најмалку четири места на табелата откако не го победи последниот тим кој има три бода, откако стартуваше со одземени три.