Најмалку три лица загинаа во снежно невреме во југоисточниот дел на САД

Најмалку три лица загинаа, а илјадници домаќинства денеска немаат електрична енергија во Северна, Јужна Каролина и Вирџинија, откако во делови од југоисточна Америка паднаа повеќе од 60 сантиметри снег.

Откако вчера без струја останаа 220.000 луѓе, ова утро електрична енергија немаат уште повеќе од 76.000.

Предупредувањата за лошото време остануваат во сила. Метеоролозите прогнозираат опасни поледици во наредните два дена. Поради замрзнатите патишта, многу училишта во Џорџија, Северна Каролина и Вирџинија останаа затворени или почнаа да работат со задоцнување. Со задоцнување почнаа со работа и неколку државни институции.

Нема податоци за состојбата во воздушниот сообраќај.