Раководството на шпанската фудбалска лига – Примера излезе со став во врска со одбивањето на Барселона, натпреварот од шампионатот против Жирона да го игра во Соединетите Американски Држави.
Претходно, таков договор беше постигнат на иницијатива на Примера, но против таквата одлука застанаа ФИФА, УЕФА и Шпанската фудбалска федерација.
– Жалиме што ги разочаравме навивачите во САД. Ќе се обидеме што поскоро да одржиме официјален натпревар во САД, исто како што големите американски лиги ги спроведуваат своите натпревари во странство. Примера ќе продолжи со активности за одржување натпревар на американски терен. Сигурни сме дека забраната од страна на Фудбалска федерација е нелегална, стои во соопштението на Примера.