(ФОТО) Полицијата со електрошокер онеспособи маж пред британскиот парламент

Британската полиција во вторникот употребила електрошокер за да онеспособи маж на територијата на Вестминстер на местото каде што полицаецот Кит Палмер смртно беше прободен минатата година, јави фоторепортерот на агенцијата Reuters koj бил очевидец на инцидентот.

Очевидците на настанот велат дека слушнале повици а потоа видле маж како лежи на земјата додека вооружените полицајци користеле електрошокер, пред главните порти за влез во комплексот на британскиот парламент. На мажот подоцна му биле ставени лисици на рацете додека полицајците го држеле на нишан.

Лицето коешто се опишува на дваесетгодишна возраст, било ставено во полициско комбе и одвезено. Засега нема коментар на случајот, освен штура информација на полциските профили на социјалните мрежи дека приведениот ја прескокнал оградата.

Калид Масуд во март 2017 година уби четворица луѓе на блискиот мост Вестминстер, па со нож го усмрти полицаецот Палмер во непосредна блиина на истиот влез нарече Кериеџ Гејтс, пред да биде застрелан. Во август годинава беше уапсен маж кој со автомобил соборуваше пешаци и велосипедисти, пред да се забие во препреките пред британскиот парламент.