
Со давање исказ на владиката Пимен Илиевски, предложен како сведок од обвинетиот Богдан Илиевски-Бетмен, во Кривичниот суд почна денешното рочиште за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.
На денешното рочиште треба да сведочат и Ивона Опетческа-Татарческа, Методија Илиевски и Томислав Јовановски, сите предложени од обвинетиот Илиевски.
Денеска требеше да сведочи и Сотир Костов, кој бил спречен заради болест, поради што бранителот на Илиевски, адвокатот Сашко Дуковски го повлече сведокот.