Захарова: Европа очигледно сака да се грее на дрва

Европскиот парламент планира да се грее на дрва, увезени од нашата земја, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа остро реагираше на вчерашната одлука на Европарламентот, кога на пленарна седница во Стразбур беше усвоена декларација против гасоводот „Северен поток 2″.

Стана јасно дека ЕП сака да се грее на дрва, кои ќе ги увезува од Русија. Во европските институции тврдат во ист глас дека ги штитат интересите на обичните граѓани. Зошто тогаш во земји од блокот се затвораат нуклеарни електроцентрали? Зошто запираат проекти кои се економски погодни за луѓето и кои ја штитат животната средина? Веројатно бирократите потпираат претпочитаат глобално затоплување, коментира Захарова.

Плановите за „Северен поток 2“ предвидуваат Русија да извезува гас во Германија, преку Финска, Шведска и Данска. Литванија, Летонија, Естонија и Полска учествуваа во консултациите за реализацијата на проектот, бидејќи гасоводот ќе минува во близина на нивните територијални води.