
Гратчето Вестфорд во Вермонд , САД, може да се пофали со необична новогодишна декорација годинава.
Тед Пелеки, жител на Вермонд, за своето дело добил инспирација од долготрајниот и жесток спор со тамошните градски власти, кои не му дозволувале на неговиот имот да го пресели својот бизнис. По долготрајната судска борба, тој решил да постави скулптура во форма на среден прст висока 7 метри.
Уметничкото дело е рака која покажува среден прст, изработена е од блок од 317.5 килограми борово дрво, положено на врвот на пет метарски столб. Ова „уметничко дело“ е поставено на имотот на Тед Пелеки.
Ми дојде преку глава и време беше да преземам нешто, рекол тој.
Пелеки ја поставил провокативната статуа на 30 ноември, годинава, и за неа потрошил дури 4.000 долари. На постаментот околу скулптурата поставил и рефлектори за да биде видлива и навечер, при што остава впечаток на ламба за улично осветлување.
Средниот прст е одговор на тековниот спор со градот кој ги блокира неговите планови да изгради голема гаража за да го пресели својот бизнис на својот имот и целта е да им долови на минувачите точно како се чувствува.
Како и да е, Пелеки не е прв кој ја измислил идејата за овој посебен вид протестна уметност.
Во 2010 година, италијанскиот скулптор Маурицио Кателан изработил среден прст од мермер, кој го именувал Љ.У.Б.О.В (L.O.V.E), и бил прикажан во времетраење од еден месец пред Миланската берза.
Во 2013 година, Алан Марковиц, сопственик на стриптиз клуб, купил куќа во близина на својата поранешна сопруга во Орчард Лејк, Мичиген, и во дворот подигнал статуа со среден прст во височина од 12 метри, видлив од нејзините прозорци.
Во јануари 2018-та, на улицата Кинг Стрит во Торонто биле приложени четири сјајни скулптури од мраз со средни прсти, во знак на протест поради пилот-проектот на градот, кој ги блокирал приватните возила на улицата во корист на јавниот превоз.