
На 65-годишна возраст по долго боледување почина Илија Атанасовски – Ико, поранешен генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Атанасовски во ФФМ работеше цели 24 години, а во тој период заедно со тогашниот претседател на Федерацијата, Љубисав Иванов – Ѕинго, Македонија беше примена во ФИФА и во УЕФА.
Тој е автор на фудбалската монографија „Ние сме едно големо фудбалско семејство“, а во својата кариера како играч има настапувано за Тетекс, Југококта и Вардар.
Пред еден месец ФФМ на редовното Собрание му врачи специјално признание за животен придонес во македонската фудбалска игра.
Погребот ќе се изврши во понеделник во 14 часот на гробиштата во Ѓорче Петров.