Украинските сили ја повратија контролата врз централната зграда на службата за безбедност во источниот град Краматорск, јужно од Славјанск, соопшти Министерството за внатрешни работи, цитирано од британските медиуми.
„Зградата веќе е под контрола на Националната гарда“, се посочува во соопштението на министерството.
Локалната телевизија прикажа снимки како оклопните транспортери минуваат низ градот.