
Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и снег со променлив интензитет. Ќе дува слаб до умерен југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од четири до 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до седум степени.
Пообилни врнежи од снег се очекуваат во недела и вторник кога ќе се формира нова позначителна снежна покривка. Само во некои пониски места врнежите ќе бидат од дожд и снег.