
Фудбалскиот тим на Бока Јуниорс минатиот викенд го доживеа еден од најлошите порази во историјата на клубот, бидејќи загуби со вкупен резултат од 5-3, од големиот ривал Ривер Плата.
Раните се уште не се залечени, впечатоците се уште не се средени, а епилогот беше очекуван. Гилермо Барос Скелото не е повеќе тренер на „сино-жолтите”. Скелото поднесе оставка од морални причини поради поразот и ја напушти клупата на Бока по две и пол години.
Освен болката по поразот во финалето, заминувам задоволен, бидејќи знам дека го дадов својот максимум, изјави поранешниот тренер на аргентинскиот гигант.