Снегот што ја зафати државата предизвикува големи проблеми при движењето на возилата по лизгавиот асфалт. Рано утрово, товарно возило изгубило контрола над заледениот коловоз и се извртело на влезот на Делчево. Како што информираат очевидци, посериозни последици по возачот нема, а одбегната е и материјална штета.
Посериозни потешкотии возачите имаат на патниот правец од Делчево кон Берово, каде откорнати дрвја го блокирале едниот дел од патот. Екипи на ЈП „Македонија пат’ кои веќе се на терен известуваат дека се работи на отстранување на дрвјата и оспособување на двете коловозни ленти.
Во градот Делчево екипи на ЈПКД „Брегалница“ во рамки на своите активности од изутрината посипуваат песок и сол, како би влијаеле на растопување на заледениот снег.
Се апелира на внимателно движење по снегот и доколку нема потреба граѓаните да не излегуваат од своите домови.