Мисајловски: Во Штип ветуваа нови градинки, ветуваа спортски сали, ветуваа многу работи за сите, но владата на СДСМ е само едно црнило

ВМРО-ДПМНЕ е повторно на терен. ВМРО-ДПМНЕ ќе го има насекаде во Република Македонија за да го продолжиме серијалот и да покажеме на граѓаните дека СДСМ ништо не работи, ова денеска од Штип го порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Почнуваме еден серијал каде што сакаме да им покажеме  на граѓаните дека се она што го вети СДСМ излажа. Денеска имавме можност да бидеме во Свети Николе, а сега дојдовме тука и во Штип да ги слушнеме граѓаните, да ги слушнеме нивните проблеми, но и да слушнеме што се она ветено, а не е остварено. Во Свети Николе ништо не се работи, ветија гасификација но за жал може да видиме дека на терен нема ниту еден капитален проект. Тука во Штип исто така може да видиме дека иако се фалат со многу проекти нема ништо. Капиталните инвестиции во Република Македонија се на едно минимално ниво. Можевме да ја слушнеме пред извесно време се фалеа со локалната самоуправа дека направиле дури 1000 метри локален пат. Или народски кажано направиле еден километар локален пат и се фалат како некој епохален напредок да направиле тука во Штип. За жал Штип заслужува многу. ВМРО-ДПМНЕ остави огромен  проект, а тоа е автопатот од Скопје до Штип. Иако беше ветувано дека ќе биде завршен на почетокот на  оваа година, па потоа и до средината на оваа година, но веќе на крајот на оваа година може да видиме дека се уште не е пуштен, потенцира Мисајловски.

Тој додава дека тие се навикнати да играат чочеци, но изгледа оваа година нема да има ништо. Очекуваме дека следната година ќе го  пуштат во употреба модерниот автопат од Скопје до Штип. Бидејќи тој проект е за Скопје, односно за Штип. Овој проект е еден од најважните и најдобрите на ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така ВМРО-ДПМНЕ го започна проектот експресен пат од Штип, Радовиш до Кочани, но за жал многу слабо се работи или ништо не се работи. Ветуваа нови градинки, ветуваа спортски сали, ветуваа многу работи за сите. Но може да видиме да видиме дека оваа Влада на СДСМ е едно црнило. Едни црни лаги и за жал граѓаните може да се уверат во тоа. ВМРО-ДПМНЕ е тука да биде со граѓаните, да разговара со нив па и да биде критикуван, бидејќи ние мора да бидеме со народот. Народот заслужува оваа Влада да падне, граѓаните заслужуваат многу подобро, рече Мисајловски.