
Генералното собрание на Обединетите нации го прифати во понеделникот вечерта со големо мнозинство, но без САД и Унгарија, Глобалниот компакт за бегалците кој би требало да го подобри управувањето со бегалските кризи и кој не предизвика толкаво разгорување на страстите како што тоа беше случај со Глобалниот пакт за миграциите, кој беше прифатен минатата седмица во мароканскиот град Маракеш кој го одбиваат повеќе земји.
За резолуцијата за пактот за бегалците гласаа 181 земји, две беа против – САД и Унгарија, а три беа воздржани. Како и компактот за имиграциите, Глобалниот пакт за бегалците не е правно обврзувачки документ.
На ОН не им се потребни ново законски алатки, истакна претставникот на Унгарија оправдувајќи го противењето на неговата земја против предложениот текст. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп неодамна соопшти дека одобрува повеќе негови одредби, но не и оние кои треба да го ограничат можното задржувањето на лица кои бараат азил во друга земја.
Глобалниот компакт за бегалците е составен под покровителство на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (UNHCR), на чиешто чело е Италијанецот Филипо Гранди, и треба да овозможи изнаоѓање соодветен меѓународен одговор на масовните бегалски движења и продолжувања на бегалските состојби.
„Ќе овозможи да се подобри и заштитата на 25-те милиони бегалци во светот… Земјите кои ги прифаќаат бегалците и натаму покажуваат великодушност и извонредно залагање за заштита на бегалците… Но повеќе од 85 отсто од бегалците во светот ги прифаќаат земји со слаби средни приходи и мораме да им помогнеме на заедниците и земјите кои ги примаат. Глобалниот пакт ќе овозможи распределба на работата и одговорноста во помагањето и заштитата на бегалците“, изјави за AFP претседателката на Генералното собрание на ОН, МАрија Фернанда Еспиноза од Еквадор.
Документот има четири главни задачи: да го намали притисокот врз земјите кои ги прифаќаат бегалците, да ја зголеми самостојноста на беглаците, да го олесни пристапот до решенија ко вклучуваат трети земји и помош да се создадат неопходните услови за сигурно и достоинствено враќање во земјите од кои бегалците дошле.
За разлика од документот за имигрантите, САД учествуваа во преговорите кои се водеа 18 месеци. Пактот за имигрантите треба да биде ратификуван на Генералното собрание на ОН, кое има 193 членки.