Милан повторно ќе се жали на казната на УЕФА

Раководството на Милан ја разгледува можноста за жалба до Спортскиот арбитражен суд во Лозана (КАС) по повод новата казна на УЕФА. „Росонерите” сметаат дека казната е премногу сериозна и се надеваат повторно на позитивна разврска.

Пред почетокот на сезоната, на Милан му беше забрането да настапува во Лига Европа поради прекршување на финансискиот фер-плеј. Тие ја добија претходната жалба до КАС за преиначување на казната, со што Милан се враќа на турнирите, а треба да се размисли за нова форма на санкција.

Минатата недела УЕФА ја објави ревидираната казна, со која ќе задржи 12 милиони евра од Милан во текот на оваа сезона и го обврзува клубот да постигне финансиски баланс до 30 јуни 2021 година. Ако Росонерите не го сторат тоа, тие ќе бидат исфрлени од европските турнири не за една, туку за две сезони. Покрај тоа, поради тековното несоодветно однесување во претстојната сезона, нема да им биде дозволено да пријават повеќе од 21 играч на турнирите на УЕФА.

Досега, Милан официјално не ја коментираше санкцијата.