Челниците на НБА лигата објавија дека клубовите Индијана Пејсерс и Сакраменто Кинг следниот октомври ќе одиграат два пријателски натпревара во Индија.
Кошаркарите на Пејсерс и на Кингс на 4-ти и на 5-ти октомври ќе ги одиграат „претсезонските“ дуели во „NSCI Dome“ во индиската финасиска престол нина Мумбаи, кој со 12 милиони жители е најголемиот град на потконтинентот.
Станува збор за првото гостување на некој американски професионален спот во Индија, а најголеми заслуги за тоа има сопственикот на Сакраменто Кингс, Вивек Ранадиве, индиско-американски бизнисмен кој е роден токму во Мумбаи.
„Ми претставува голема чест што можам да учествувам во овој историски момент. Спортот во Индија има огромен раст, а ние сме возбудени поради натамошното ширење на НБА лигата. Светот сака да гледа кошарка и Индија е брзорастечки пазар“, изјави 61-годишниот Ранадив.
Преку програмата NBA Global Games натпреварите меѓу клубовите од најсилната кошаркарска лига на планетата се играни во многу земји, меѓу кои во Италија, Мексико, Англија, Францијам, Кина, Бразил и Германија.