
Информациите од последните денови дека Жозе Мурињо е првата опција за нов тренер на Реал Мадрид се покажаа неточни. „Марка“, весникот близок до раководството на кралскиот клуб, објави дека неговото име не било споменувано за можна замена на Сантјаго Солари.
Во клубот воопшто не размислуваат повторно да го ангажираат Португалецот, па враќање назад на „Сантијаго Бернабеу” за него ќе нема. Мурињо раководеше со тимот од Мадрид меѓу 2010 и 2013 година и оттаму си замина поради влошувањето на односите со речиси сите во клубот.
Во Реал се категорични дека не размислуваат за разделба со актуелниот тренер и покрај скромните настапи во Примера дивисион. Очекувањата на раководството се дека тој ќе го донесе тимот во врвна форма на почетокот на февруари, за битките во Лигата на шампионите.
Во исто време, се поверојатно изгледа Мурињо да одмора до крајот на сезоната, користејќи ги обесштетувањата од Манчестер Јунајтед, а потоа да ги разгледа опциите за својата иднина.