Македонската државјанка С.Т., која беше тешко повредена на 16 декември, околу 1.45 часот, кога кај Лесковац автобус излета од автопатот и се преврте, починала вчеравечер во Клиничкиот центар во Ниш.
Таа е четврта жртва од несреќата, во која шест лица беа тешко повредени, а уште 32 беа лесно повредени.
Патничката С. Т. имала фрактура на карлицата, што довело и до тешки нарушувања на уринарниот тракт, поради што била оперирана во Клиничкиот центар во Ниш. Со уште еден повреден патник, таа била поврзана на апарати за дишење. Уште четири други патници беа сериозно повредени, но нивната здравствена состојба е стабилизирана.