Заев: Нема 80 пратеници за изгласување на уставните измени

Во своето гостување во емисија на Телевизија 24, премиерот Зоран Заев вечерва потврди дека власта ги нема обезбедено потребните 80 пратенички гласови за изгласување на уставните измени.

Тој додаде дека во моментов се сигурни 76 пратеници, но не е постигнато двотретинско мнозинство за гласањето на измените на пленарна седница во Собранието, кое го најави за 9-ти јануари.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кажаа дека гласаа за отварање на процесот за да дадат шанса, а потоа ќе одлучат дали ќе гласаат за уставните иземни. Тоа го кажаат транспарентно. Дали ќе имаме 80 гласови за уставните измени ќе знаеме на самиот ден на гласање, на деветти јануари, истакна Заев

Заев додаде дека пратеници од опозицијата се свесни дека изгласувањето на измените, кои произлегуваат од Договорот од Преспа, се клучни за евроатлантските интеграции на земјата.