
Средовечен човек (65) Дејви, починал во популарен хотел во областа Икотун, Нигерија, за време на „секс-маратон“ со девојка на возраст од 34 години.
Дејви и неговата партнерка се натпреварувале кој прв ќе се откаже од „секс-натпреварот“ закажан во хотелската соба и во седмата „рунда“, тој починал.
Двајцата љубовници се обложиле во 140 долари, девојката избрала хотел и играта почнала. Мажот, кој инаку е Нигериец, издржал шест пати, но седмиот бил кобен за него.
Девојката веднаш го повикала хотелскиот персонал и сведочела дека тој одеднаш само се срушил врз неа.
Телото на човекот е предадено на испитување, и истрагата е во тек.