Интер за гол во продолжението подобар од Наполи

Во дербито од 18-то коло од италијанскиот фудбалски шампионат, Интер на својот „Сан Сиро“ го победи Наполи со 1:0 (0:0).

Победничкиот погодок го постигна Лотар Мартинез во првата минута од судиското продолжение на дуелот.

Наполи натпреварот го заврши со двајца играчи помалку на теренот, бидејќи беа исклучени Кулибали во 82 минута и Инсиње во петтата минута од судиското продолжение.

Со оваа победа третиот Интер му се приближи на вториот Наполи на пет бодови разлика. „Нераѕурите“ сега имаат 36, а наполитанците 41 бод. Водечки на табелата е Јувентус кој претходно во средата спаси бод на гостувањето кај Аталанта во Бергамо (2:2) и сега има 50 бодови.