Кавадаречките бранители од 2001 година нема да плаќаат данок на имот

Ослободување од плаќање данок на имот за кавадаречките бранители од конфликтот во 2001 година, ваква одлука едногласно донесе Советот на Општина Кавадарци, по барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери.

Советникот Тони Нешковски појасни дека се работи за околу 300 до 400 бранители. За да бидат ослободени од плаќање на данок на имот за 2019 година, тие ќе треба да достават потврда од соодветно министерство, за внатрешни работи или одбрана.

-Ваквата одлука треба да биде дополнително разгледана и одобрена и од Министерството за финансии. Ослободувањето се однесува за данокот на имот за 2019 година. За наредните години барањето може и да се надгради, па можно е бранителите да бидат ослободени и од дополнителни давачки – рече Нешковски.