Бадник 6-ти јануари неработен за граѓаните од православна вероисповед

Бадник, ден пред Божик, 6 јануари (недела), е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството воедно им го честитаат Бадник на граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.