Уважени барањата за амнестија на уште пет лица за настаните од 27-ми април

Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по добиените барања согласно Законот за амнестија на настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, а по добиени мислења од надлежното обвинителство во понеделникот ги уважи барањата на уште петтмина обвинети во предметот.

Одделот за Кривично полнолетни при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по добиени барања согласно Законот за амнестија на настаните од 27-ми април 2017 година во Собранието на Република Македонија, а по добиени мислења од надлежното обвинителство, во Законски утврдениот рок донесе решенија со кои барањата на М.С., А.З., М.Ц. и В.Н. опфатени во предметот со К.бр. 752/17 како и барањето на А.Ш. опфатен во предметот со К.бр. 1013/18 ги уважи.

Од Основен суд Скопје информираат дека девет други барања кои се однесуваат на седум обвинети лица со решенија од 28.12.2018 година се одбиени како неосновани и доставени до странките.

 

За останатите барања за кои од обвинителството е добиено негативно мислење, како што посочуваат од Кривичниот суд, советот донел решенија со кои тие се одбиваат како неосновани. Обвинетите имаат право на жалба во рок од три дена до повисокиот суд.

Мислење дека лицата кои побарале амнестија не ги исполнуваат условите согласно Законот за амнестија е дадено во 14 случаи. Досега од вкупно поднесени 66 барања за амнестија за обвинетите за настаните од 27 април минатата година, одобрени се 16. Првата група бвинети беа амнестирани во петокот. .Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ги амнестираше организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“ поточно ги уважи барањата на граѓанскиот активист Богдан Илиевски, актерот Владо Јовановски и режисерот Борис Дамовски.

Петмина обвинети за настаните од 27-ми април одлучија да не бараат амнестија, поранешниот директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, дежурниот во оперативниот штаб на МВР, Душко Лазаров, оперскиот пејак Игор Дурловски, претседателот на македонското патриотско здружение „Пере Тошев“, Јане Ченто и Игор Југ. За нив судењето ќе продолжи на 15-ти јануари со изнесување на завршните зборови.

За споменатите настани во парламентот беа обвинети вкупно 33 луѓе, од коишто 31 лице за „терористичко загрозување на уставниот поредок на државата“ и двајца за „поттикнување“. Meѓу нив обвинети, а амнестирани беа и пратениците Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски.