Париз и Берлин се подготвуваат за дочекот на Нова година со големи безбедносни мерки

Француската и германската престолнина со зајакнати безбедносни мерки во понеделникот се подготвуваат за пречекот на новата 2019 година, коишто вклучуваат голем број полицајци, пожарникари и припадници на службите за итни интервенции, како и стриктни безбедносни проверки,

Во Париз за прославата на Нова година ќе бидат ангажирани околу 12.000 полицајци, покрај 6.000 пожарникари и службеници на итните служби, изјави Мишел Делпуеш, началникот на париската полиција. Според француското министерство за внатрешни работи, повеќе од 147.000 полицајци се респоредени ширум земјата.

Покрај со тероризмот, француската полиција ќе води сметка и за приврзаниците на движењето Жолти елеци, кои речиси два месеца протестираат ширум земјата. Жолтите елеци најавуваат протест на прославата, а до пладнето во понеделникот своето присуство на протестот преку социјалните мрежи го најавила околу 9.000 луѓе. На Facebook припадниците на движењето напишаа дека станува збор за „весел и ненасилен“ протест.

Авенијата Елисејски полиња, каде што се очекуваат стотици илјади славеници, ќе биде под специјален надзор. Секој пред влегувањето на Елисејските полиња ќе биде контролирана, а стаклените шишиња и огнометите се забранети. Со огномет влегувањето во новата година ќе биде одбележано само кај Триумфалната порта, додека во остатокот од Париз пиротехниката е забранета.

Во Берлин просторот околу Бранденбуршката порта во најголем дел ќе биде ограден, а мешу 500 и 800 вработени од приватни компании за обезбедување ќе бидат ангажирани на одржувањето на редот. Ангажирани се, исто така, и речиси 1.400 професионални и волонтери пожарникари.

Оние коишто ќе присуствуваат на прославата ќе треба да минат низ безбедносна контрола, а шишињата, острите предмети и големите торби се забранети. Консумирањето на алкохолот ќе биде дозволено на штандовите.

Болнициет се подготвуваат за напорна ноќ, бидејќи неколку години наназад се згоелмува бројот на сериозни повреди здобиен при употреба на пиротехнички средства. Чест е случај огнометот да се истрелува од пивски шишиња или од голи раце. Во Германија користењето на пиротехника општо е дозволено во пресрет на Нова година, а за приватните поединци на 31-ви декември и на 1-ви јануари.