Последната милионска аквизиција на каталонскиот гигант Барселона, бразилскиот интернационалец Неимар си даде само преодна оценка кога е во прашање неговата игра во првата сезона откако се има преселено на „Ноу Камп”.
„Имав од се по нешто, нешто добро и нешто лошо. Не ми беше лесно, но нема да се предадам, ќе ја подигнам главата и ќе гледам само напред. Оваа сезона научив многу работи, научив нешто ново. Јас дојдов од друга држава, од различна фудбалска култура. Во Бразил има поинаков стил на игра. Бев соочен со сосема нова ситуација, но нешто ново. Имав потреба од адаптација, морав да го адаптирам мојот приватен живот, но и професионалниот. Убеден сум дека ќе имам многу поголем успех во новата сезона, дека во следната сезона ќе освојам неколку клупски трофеи,” изјави бразилскиот интернационалец.