Алжирец со лажен словачки пасош се обидел да излезе од земјава

Маж бил уапсен вчера на скопскиот аеродром.

Имено, во 17:40 часот на излез од Република Македонија на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ по извршена пасошка контрола од страна на полициски службеник на 37-годишниот В.Б. од Алжир, кој бил со словачка патна исправа, поради постоење основи на сомнение дека истата била фалсификувана бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.