Осомничените за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги денеска првпат се појавија пред судот во гавниот град на Саудиска Арабија, Ријад, објавија државните медиуми.
Обвинителите бараат смртна казна за пет од 11 осомничени лица, кои денеска беа присутни на судското рочиште. Засега не се наведуваат имињата на осомничените.
Кашоги беше убиен на втори октомври во саудискиот конзулат во Истанбул. Тој пишуваше колумни за весникот „Вашингтон пост“ во кои го критикуваше саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман.
Телото на Кашоги се уште не е пронајдено.