Поради лошите услови на патот, возило на итната медицинска помош од Прилеп, денеска околу 16 часот враќајќи се од Скопје излетало на Плетвар.
Според првичните информации од директорката на Здравствениот дом од Прилеп, Оливера Аџиоска, до несреќата дошло поради лошите услови на патот. Возилото се излизгало, притоа превртувајќи се два пати и завршило на кровот, објави infokompas.com.mk.