Кина ја намали стапката на задолжителните резерви за банките за да го помогне стопанството

Кинеската централна банка објави во петокот дека дополнително ќе ја намали стапката на задолжителните резерви за банките, ослободувајќи со тоа до 116 милијарди долари за новите кредити за да го намали ризикот од почувствително забавување на економските активности.

Најновата мерка за поддршка е усвоена во контекстот на зајакнатата загриженост за растот на втората според обемот економија во светот, којашто се соочува со ослабената домашна побарувачката и се’ поизразениот притисокт од зголемените американски царини.

Во моментов на сила е стапката на задолжителните резерви од 14,5 отсто за големире кредитори, и од 12,5 отсто за помалите банки. Од кинеската централна банка денеска објавиа дека во две фази ќе ги намалат за вкупно еден процентен поен. Намалувањата ќе стапат на сила на 15-ти и 25-ти јануари, во пресрет на долготрајната прослава на Лунарната нова година, кога побарувачката на готовина вообичаено расте. Со оваа мерка, стапките на задолжителните резерви ќе бидат намалени пет пати во изминатите дванаесет месеци.

Централната банка со овој потег нето за кредитирање ќе ослободи 800 милијарди јуани, или 116,51 милијарди американски долари, имајќи предвид дека банките дел од вкупнот расположивите 1.500 милијарди јуани ги искористиле за враќање на срдеднорочните кредити, пресметува Reuters.

Одлуката за намалување на стапката на задолжителните резерви на банките е објавена неколку часа откако кинескиот премиер Ли Кечијанг најави нови мерки за поддршка на сопанството, вклучителни и намалување на даноците и на други давачки.

Кинеската економија минатата година според некои процени пораснала за околу 6,5 отсто, во согласност со официјалните цели, но побавно од претходната 2017 година, кога активностите пораснале за 6,9 отсто. Ова година се очекува натамошно забавување, па така некои аналитичари предвидуваат раст од околу 6 отсто, што би бил најслабиот од 1990 година, предупредува Reuters. Сепак, и тоа претставува голем раст гледано во глобални рамки.