Јапонија на 1-ви април ќе го дознае името на новиот царски период во кој ќе владее идниот цар Нарухито, по 31 година од периодот Хеисеи
Во Јапонија официјално се применува западниот грегоријански календар, меѓутоа вториот службен календар кој се придржува до царските периодот, исто така, е во употреба.
Владата има намера да го открие името на новиот цариски период првиот ден од април, објави премиерот Шинзо Абе во петокот. Еден месец подоцна, на 1-ви мај, 58-годишниот престолонаследник Нарухито ќе го наследи својот татко, 85-годишниот цар Акихито.
Акихито, чиешто владеење го носи името Хеисеи, што значи „да се создава мир“, ќе абдицира на 30-ти април поради здравствени причини. Тој е првиот цар на најстарата наследна монархија на светот во последните 200 години кои во текот на својот живот ќе ги препушти престолот на наследникот.
Досега обичај било новиот период да биде објавен на денот на смртта на царот, што последен пат се случило на 7-ми јануари 1989 година, кога таткото на Акихито, царот Хирохито починал по 63 години на престолот. Овојпат властите и претприемачите имаат време да се подготват, бидејќи промената на царскиот период претставува голем административен напор во третата според обемот економија во светот.