ДУИ ја напушта идејата за консензуален претседателски кандидат?!

Владејачката Демократска унија за интеграција (ДУИ) се’ повеќе се размислува за самостоен настап во првиот круг на претседателските избори, бидејќи стравуваат т за својата политичка иднина и политички идентитет, пишува порталот Лидер во саботата.

Демократската унија за интеграција е загрижена поради подемот на Алијансата на Албанците на Зијадин Села, дознава Лидер од партиски извори. Оттаму, како најсериозен кандидат според извори на Лидер се споменува претседателот на македонското Собрание Талат Џафери.

Претходно како еден од потенцијалните кандидати за претседател нбеше споменуван Денко Малески. Тој минатиот месец во изјава за порталот на албански јазик Журнал рече дека јавната поддршка на Али Ахмети претставува чест за него и за истата е многу благодарен. Малески вели дека идејата за консензуален кандидат е многу добра, бидејќи тоа е идеја што обединува. Тој вели дека идеа прво треба да се тестира и да се види колку ќе добие поддршка од политичките партии.

Меѓутоа, сега неофицијално ДУИ не би поддржале консензуален кандидат за претседател во првиот круг, бидејќи со тоа нивната поддршка кај албанското гласачко тело уште повеќе би се намалила, а нивните гласови би ги презела Алијансата на Албанците.

Засега е познато дека доколку ЛДП одлучи да настапува самостојно на претседателските избори коишто ќе се одржат во првата половина од наредната година, најсериозен потенцијален кандидат за претседател е Ангелка Пеева – Лауренчиќ. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, распишаа јавен повик за избор на кандидат