
Во саботата во Белград, во 81-та година од животот почина поранешниот југословенски фудбалски репрезентативец Драгослав Шекуларац, инаку роден во Штип.
Најголемиот дел од својата кариера Шекуларац го мина во Црвена ѕвезда со којашто освоил седум титули државен првак и пет купови на поранешната држава. Со своите игри го заслужи статусот на еден на најголемите фудбалери во историјата на белградскиот клуб.
Шекуларац беше најпознат по своите дриблинзи, поради кои беше еден од најпопуларните фудбалери во тогашна Југославаи и симбол на едно време.
За репрезентацијата одигра 41 натпревар на кој постигнал шест погодоци. Бил член на селекцијата која на Олимписките игри во Мелбурн во 1956 година го освоите сребрениот медал, а во 1960 година со Југославија го освои второто место на првото Европска фудбалскот првенство играно во Франција.