Aмнестијата е за да се обезбеди мнозинство за уставните измени

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во интервју за телевизијата Алсат-м потврди дека Законот кој воено нуди селективна амнестија за случувањата од 27 април, а кој беше донесен пред крајот на годината, бил во функција на обезбедување мнозинство за уставни измени.

Разговарајќи меѓу другото и за актуелните околности кои се создадени во државата, пред се мислејќи на Законот за амнестија за случувањата на 27 април, кој власта се обиде во јавноста да го продаде како некаково си помирување, Османи смета дека Брисел ќе имаат разбирање за отстапките кои тие ги презеле за успешно имплементирање на најголемиот нивен приоритет.

„Некои постапки се преземени во функција на успешното имплементирање на најголемиот приоритет верувам дека и Брисел ќе има разбирање за околностите тука и за внатрешните контексти, особено имајќи го предвид тоа дека овие мерки се преземени во рамките на црвените линии кои ги определивме претходно“, рече вицепремиерот Османи.

Прашан кои се црвените линии, вицепремиерот вели:

„Црвените линии се да не се промовира принципот на неказнивост. Мислам дека тоа е основен принцип за една земја која претендира да се зачлени во Европската унија. Затоа и доколку го погледнете начинот на кој е конципиран законот за амнестија тој е за да ги амнестира оние категории кои не биле организатори и не биле вршители на насилство со што и го обезбедуваме процесот. Јас ќе бидам искрен тука дека овој закон е во функција на обезбедување на најважниот процес на земјата во последните три децении, но зачувувајќи го принципот дека не смее да има неказнивост. Затоа, сите насилници и организатори ќе одговараат пред законот“, одговори Османи.