
Од денеска ќе следи период на постабилно и посончево време. Преодно наоблачување со краткотраен пороен дожд ќе има во четврток претежно во западните и северните делови од земјата. Утринските и дневните температури до четврток ќе бидат во пораст, а потоа ќе се задржат на достигнатото ниво.
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во централните дeлови со повеќе сонце, а во крајните западни и источни делови ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Температурата од девет до 21 степени.