Мицкоски: Сплотени, исправени да се издигнеме над неправдите, тешкиот живот, да ги победиме црнилата

Во пресрет на Рожденството Христово Божиќ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бадниковата вечер ја помина во црквата Св. Aпостоли Петар и Павле во Ѓорче Петров.

-На православните верници им го честитам големиот празник, со искрени желби за добро здравје, бериќетна година и успеси. Она што го посакувам на секој еден од вас е да бидете среќни, заеднички да градиме иднина, и да покажеме одговорност кон нашата земја.Сплотени, исправени да се издигнеме над неправдите, тешкиот живот, да ги победиме црнилата, порача Мицкоски.

Додава дека продолжува борбата за правда, за благосостојба и стандард, за квалитетно здравство и конкурентно образование, за приносно земјоделие, задоволни граѓани.

И покрај сите предизвици, и покрај сите премрежја, имајте спокојни празнични денови со вашите семејства, им посака на грашаните лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.