Во Бремен претепан пратеник на AfD

Напаѓачи со дрвени палки го претепале до бесвест во понеделникот во Бремен, на северот од Германија, пратеникот од крајната десна партија Алтернатива за Германија (AfD).

Од AfD за бруталниот напад кој го извршиле три лица а се случил во понеделникот попладнето во центарот на Бремен, ги обвинија антифашистичките активисти, оценувајќи дека станува збор за обид за убиство на 66-годишниот пратеник Франк Магниц. Еден од националните лидери на AfD, Јерг Меутен, ги обвини напаѓачите дека Магниц „го претепаа речиси до смрт“ и рече дека е „потресен“ од тоа.

Партијата ги обвинува левичарските партии дека индиректно се одоговорни за нападот, за кој придонеле со нивните критики на крајната десницаи со одбивањето доволно јасно да ги осудат радикалните и наслилни движења од крајната левица. AfD на Twitter објави фотографија на Магниц во болнички креве со голема рана на челото и со помодрено лево око. Според лекарите, во болница ќе мора да остане цела седмица.

Полицијата го третира нападот како политички мотивира. Политичарите од поширокиот политички спектар во Германија го осудија нападот и побараа од полицијата одговорните да ги изведе пред правдата.

„Оваа брутална агресија… мора решително да биде осудена. Да се надеваме дека полицијата брзо ќе ги фати виновниците“, коментираше на Twitter портпаролот на германската канцеларка и на владата, Штефан Зајберт.

„AfD е политички противник и се противи на нашето толерантно и мирно општество. Но кој и да се бори против оваа партија и нејзините претставнции со насилство врши предавство на овие вредноси“, коментираше претседателката на социјалдемократите Андреа Нахлес.

„Нема оправдување за насилство дури и против AfD. Доколку се борите против омразата со омраза, дозволувате омразата да надвладее“, порала на Twitter Чем Ездемир, пратенил на Зелените.

Полицијата во сојузната покраина Саксонија објави минатата седмица по експлозијата во партиски канцеларии на AfD дека пораснало насилството против оваа партија и дека повеќето инциденти се вандализам. Во врска со експлозијата во седиштето на AfD во Добелн приведени се тројца осомничени. Канцеларијата беше запалена и оштетени во возила и блиските објекти, а за среќа немаше жртви.

Од средината на декември ширум земјата се изведени осум напади врз канцеалрии на AfD, објави јавната телевизија ARD. Уште во септември 2016 година, кога партијата го започна својот подем беше запален автомобилот на тогашната лидерката AfD, Фрауке Петри.

Оваа партија создадена пред речиси четири години како евроскептична и противник на еврото во септември 2017 година стана најсилната опозиција партија во Бундестагот наспроти големата коалиција на конзервативциет и социјалдемократите, а нејзини претставници влегоа во сите покраински парламенти.