Британската влада не сака да го одложи Брегзитот

Британската влада не сака да го одложи истапувањето на Обединетото Кралство од Европската унија, порача во вторникот министерот за брегзит, Мартин Каланан, по доаѓањето на министерскиот состанок во Брисел.

„Многу сме јасни: владината политика е дека не може да дојде до одложување на примената на челнот 50“ (од Договорот за ЕУ), рече Мартин Каланан запрашан за можноста за која во вторникот британскиот дневен весник пишува The Daily Telegraph, пренесѕва агенцијата AFP.

Споменатиот весник објави дека британски и европски паралментарци разговараат за можноста за одложување на официјалниот рок за истапувањето на Велика Британија од Европскиот парламент, стравувајќи дека договорот за брегзитот нема да биде потврден до крајниот датум 29-ти март. Весникот се повикува на три неименувани извора од ЕУ кои тврдат дека британските функционери „го испитуваат теренот“ околу идејата за одложување на примената на членот 50 за напуштањето на Унијата.

„Ќе ја напуштиме ЕУ на 29-ти март годинава, бидејќи тоа го вели членот 50, бидејќи за тоа гласаше парламентот, и тоа е она што сега го вели британското национално законодавство“, истакна Каланан

Британските пратеници би требало идната седмица да гласаат за договорот за излегувањето кој ги постигна премирката Тереза Меј со Брисел во ноември. Меј и натаму води битка парламентот да го одобри нејзиниот излезен договор постигнат по мачни преговори со Брисел. Со тоа се продлабочува несигурноста околу тоа дали договор воопшто е можен и дали Обединетото Кралство на крајот ќе ја напушти ЕУ и без договор.

Француската министерка за европски прашања Натали Лоасе, исто така, запрашана за можно одложување на датумот за излегувањето на Велика Британија, рече дека тоа „не го побараа британските власти“. Рече дека нема да разговара за хипотези, бидејќи ситуацијата и онака е „доволно комплексна“.

Германија, како што пишува Reuters, порачала дека не е време да се разговара а одложување на примената на членот 50. „Не сакам да мислам за можноста за одложување на примената на членот 50 сега и тука. Мислам дека тоа не е нештпо на што денеска би требало да се биде фокусиран“, рекол германскиот министер за внатрешни работи Хејко Маас во Даблин. Истакнал дека брегзитот без договор „би можел да има негативен ефект на работните места во Германија и тоа имаме намера да го спрчеиме, колку и да чини“.

Портпаролката на премиерката Тереза Меј ги отфрли наводите од текстот на The Daily Telegraph. „Премиерката секогаш зборуваше дека ЕУ ја напуштаме на 290ти март 2019 година и дека нема да има одложување на примената на членот 50“, рече. Меј официјално го активираше членот 50 од Лисабонскиот договор на 29-ти март 2017 година, со што го покрена двегодишниот период за преговорите за излегувањето.

Деловниот свет и инвеститорите стравуваат дека напуштањето на ЕУ без постигнат договор може да ја загрози трговијата, да ги погоди финансиските пазари и да ги наруши синџирите за снабдудвање за петтата според обемот светска економија. Крајната форма на брегзитот ќе влија на британското стопанство кое е проценто на 2,8 билиони долари, на единството во Обединетото Кралство и судбата на Лондон како една од двете најголеми финансиски престолнини во светот.

На референдумот во јуни 2016 година за излегување од ЕУ гласаа 52 отсто од иззбиралите, односно околу 17,4 милиони жители,, додека 48 отсто или 16,1 милиони гласачи се определија за останување. За излегувањето од ЕУ гласаа Англија со 53,4 и Велс со 52,5 отсто, додека на тоа се спротиставија Северна Ирска со 55,8 и Шкотска со 62 отсто. Европскиот суд на правдата, нејвисокиот суд во ЕУ, минатиот месец пресуди дека Обединетото Кралство може унилатерално да ја повлече одлуката, со што ги поттикна надежите на оние кои се за останувањето дека брегзитот би можел да биде запрен со нов референдум.

Така, анкетата што ја спровеле од YouGov , покажува дека доколку денеска би се одржал референдум, 46 отсто од британските избирачи би гласале нивната земја да остане во ЕУ, додека 39 проценти би гласале за излегување. Другите испитаници не го знаеле во моментов својот одговор, или одбиле да одговорат на прашањето. Кога од анкетата ќе се исклучат неодлучените и оние кои не сакаат да дадат одговор, соодносот на силите би бил 54 наспроти 46 отсто за останува во ЕУ, толкуваат од YouGov.