4.8 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

Македонските одбојкари се пласираа на Европско првенство

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва оствари историски успех пласирајќи се на Европското првенство за првпат.

Нашата репрезентација ја совлада селекцијата на Унгарија со 3:0 во сетови во натпреварот кој се одигра во СРЦ Кале.

Европското првенство ќе се одржи од 13 до 29 септември годинава за прв пат во четири земји домаќини, Белгија, Франција, Холандија и Словенија.