![640x480-Bilall-Kasami1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/640x480-Bilall-Kasami1.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Собраниската седница на која треба да се донесат уставните амандмани за спроведувањето на Договорот од Преспа продолжува денеска во 13 часот.
На денешното продолжение на седницата пратениците треба да го утврдат предлогот на амандманите за што се потребни со 61 глас, за разлика од донесувањето и прогласувањето на амандманите за што е неопходно двотретинско мнозинство, односно 80 гласови, по што следува уставниот закон за спроведување на уставните амандмани кој исто така се носи со двотретинско мнозинст
Премиерот Зоран Заев, синоќа во телевизиско интервју кажа дека сѐ уште не е обезбедено двотретинско мнозинство.
Опозициската Беса останува на ставот. Ако не се исполнат нивните барања тогаш нема ниту глас „ЗА“ за уставните измени. Двете барања се да нема македонско државјанство кај албанците и да нема заштита само за македонската дијаспора, туку заштита на дијаспората на Македонија.
Засега е неизвесно колку премиерот ќе се осмели да ги прифати овие барања ако од друга страна знае дека ќе ризикува и ќе може да ги изгуби гласовите од исклучените пратеници кои делуваат како независни.