Каков викенд го очекува секој хороскопски знак…
Овен
Работа: Имате чувство дека на деловен план се се распаѓа, а не знаете како да го спречите тоа. Смирете се и размислете за се, ќе сфатите дека хаосот не е толку голем.
Љубов: Без значајни промени на љубовен план, без оглед дали сте во брак, долга врска или пак сте слободни.
Здравје: Лош имунолошки систем.
Бик
Работа: Конечно ќе имате време да се одморите малку и работата да ја ставите во втор план.
Љубов: Нови, возбудливи случувања, неделата ќе ви биде кратка за се што ќе ви се случи.
Здравје: Проблеми со главоболка.
Близнаци
Работа: Најдобро е решавањето на сериозни и поголеми проблеми да го оставите за наредната недела. Оваа недела завртете се кон себеси.
Љубов: Имате замерки за однесувањето на партнерот, но уште не сте подготвени отворено да зборувате за тоа.
Здравје: Поведете сметка за исхраната. Стомакот ќе ви биде осетлив.
Рак
Работа: Добро прочитајте пред било што да потпишете. Оваа недела ви се препорачува зголемена внимателност.
Љубов: Некое интересно познанство со личност родена во знакот на Риби би можело да прерасне во нешто сериозно.
Здравје: Можни се настинка и кивавица.
Лав
Работа: Оваа недела ќе ја обележат големи осцилации на финансиски план. Можни се големи приходи, но и големи трошоци.
Љубов: Без оглед дали сте во врска или не оваа недела ќе ви биде многу мирна.
Здравје: Можни се проблеми со желудникот.
Девица
Работа: Неповолен период за донесување нови деловни одлуки. Одморете оваа недела, а наредната тргнете вредно во нов поход.
Љубов: Збунети сте. Ни сами не знаете што чувствувате и како треба да се однесувате. Искористете ја оваа недела да размислите за се.
Здравје: Проблеми со видот.
Вага
Работа: Иако имате безброј идеи, ова не е баш најповолниот период за вас, бидете повнимателни.
Љубов: Нејасна ситуација на љубовен план. Време е да станете поотворени и кон себе и кон партнерот.
Здравје: Склони сте кон депресивни мисли.
Скорпија
Работа: И во оваа нова година зачeкоривте со преголеми очекувања. Не го правете тоа, со цел да не се разочарувате.
Љубов: Слободните ќе имаат интересна понуда, а оние во врска или брак можно е да имаат ситни проблеми.
Здравје: Проблеми со нервниот систем.
Стрелец
Работа: Имате огромна желба нешто да промените на деловен план, но како да не сакате. Проблем се вашите внатрешни кочници.
Љубов: Љубовната ситуација ви е комплицирана, бидејќи делува дека вашиот партнер се одалечил од вас. Позборувајте со него.
Здравје: Мали проблеми со коските.
Јарец
Работа: Почетокот на годината ќе го одбележи некое раскинување на договор, особено нешто поврзано со странство.
Љубов: Можна е врска со доста повозрасна личност од вас. Доколку сте во врска или брак, не правете нешто за што подоцна ќе жалите.
Здравје: Проверете ја крвната слика, можни се проблеми со холестеролот.
Водолија
Работа: Можна е загуба, штета или некој непланиран трошок. Значи, оваа недела ќе биде многу неповолна кога станува збор за пари.
Љубов: Планетите укажуваат на зголемена љубомора.
Здравје: Можни се проблеми со мочниот меур и уринарниот тракт.
Риби
Работа: Очекувавте повеќе на деловен план, но бидејќи не дошло до тоа, чувствувате големо разочарување.
Љубов: Нестабилна љубовна ситуација. Можни се мали разочарувања.
Здравје: Можни се воспаленија на стомакот.