
Тим на Меѓународниот монетарен фонд, од денеска и во следниве две недели е во посета на Македонија.
Започнуваат разговорите за извршување на „пост-програмскиот мониторинг“ за оваа година, а ќе се анализираат економските параметри за надворешната одржливост на земјата, и можноста навреме да ги сервисира обврските.
По двонеделните разговори ќе се изготвува и извештај што ќе се поднесе до ММФ.