Две лица ги загубиле животите во пад на мал двомоторен авион во источна Германија, соопштија во саботата попладнето локалните власти.
Авионот се урнал крај селото Обербарним во округот Маеркиш-Одерланд, во сојузната држава Бранденбург, којашто ја опкружува герамнската престолнина Берлин.
Авионот полетал во 11 часот утрото од Шразберг, аеродром во предградие на Берлин. Станува збор мал двомоторен авион од моделот „ Vulcanair“ кој се урнал во општината Прицел, пишува весникот Berliner Morgenpost.
Според изворите на весникот, околу 11,55 часот по локално време било забележано дека авионот претрпел несреќа. Се известува, исто така, дека леталото било целосно уништено во падот.
Причината за несреќата сѐ уште не е утврдена. Исто така, засега не е соопштен ниту идентитетот на загинатите. Според портпаролот на локалната полиција, во моментов сѐ уште трае истрагата за инцидентот.