
Потпретседателот на каталонскиот гигант Барселона, Карлес Виларуби откри дека поради големиот интерес на Реал Мадрид, трансферот на бразилскиот интернационалец Неимар е реализиран една година поради и истиот има предизвикано голем економски земјотрес на “Ноу Камп”.
“Барселона претходно потпиша пред-договор со напаѓачот на Сантос. Беше договорено трансферот да биде реализиран ова лето, Неимар да биде во комбинација за сезоната 2014/2015. Сепак, имаше голем притисок од еден друг клуб, Реал Мадрид сакаше да го минира овој трансфер. Немавме друг избор, Неимар пристигна на “Ноу Камп” една година порано. Овој трансфер предизвика финансиски земјотрес, ја разниша финансиската стабилност”, изјави Виларуби.
Челниците на Барселона прво тврдеа дека потрошиле околу 57 мил. евра за трансферот на Неимар, но пред неколку месеци, поради големиот медиумски притисок и поради откриената афера, раководните лица на каталонскиот гигант потврдија дека одвоиле рекордни 87 мил. евра за услугите на репрезентативецот на Бразил.